Папата продава осветено „Ламбурџини“ од 200.000 евра (фото)

Сподели со своите пријатели

Папата Фрањо одобрил специјалниот спортски автомобил „Ламбурџини Хуракан“ кој го добил на подарок, да биде ставен на аукциска продажба, а добиените пари да бидат упалтени во хуманитарни цели.

Возилото пред да биде испратено во аукциската куќа „Сотбис“, папата го освети, а потоа се потпиша на капакот од моторот.

Инаку, автомобилот има 610 коњски сили, а неговата цена е околу 200.000 евра.

 

Loading...

 

Овој примерок на автомобил во бела боја, меѓутоа, има златни пруги на каросеријат аи ретровизорите, кои се ускладени со детали од одората на папата, па се очекува дек аќе биде продаден за многу поголема сума на пари.

Парите од продажбата на автомобилот ќе бидат насочени во хуманитарни цели, вклучувајќи обнова на куќи и цркви на прогонетите христијани во провинцијата Нинива во Ирак.

Компанијат а„Ламбурџини“ ќе помогне во финансирањето ан програмот за италијанските жртви на криумчање луѓе и мрежа на проституција, а ќе помогне и на организациите кои во Афика помагаат на загрозените жени и деца, пренесува агенцијата АФП.