Папата повика на воздржаност во украинската криза

Сподели со своите пријатели

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, денеска ги повика сите страни во украинската криза да се воздржат од дејствија кои можат да предизвикаат уште поголемо страдање на луѓето.

Loading...

„Ги повикувам сите инволвирани страни да се воздржат од каква било акција што може да предизвика уште поголемо страдање на народот“, рече папата, кој ги осуди „сè поалармантните сценарија“ кои се наѕираат во Украина и го загрози „мирот на сите луѓе“.

Папата рече дека се наѕираат алармантни сценарија, и покрај дипломатските напори во последните недели да се смират руско-украинските тензии.

Русија, која со недели беше осомничена дека подготвува инвазија на Украина, во понеделникот ја призна независноста на две проруски сепаратистички територии на истокот од земјата, што предизвика страв од руска воена интервенција во Украина.