Папата назначи три жени во комитетот за избор на бискупи

Сподели со своите пријатели

Папата Франциск назначи три жени, две калуѓерки и еден член на католичката лаичка заедница во комитетот што го советува при изборот на бискупи, кој досега се состоеше исклучиво од мажи, соопшти денеска Ватикан.

Loading...

Тој ја откри одлуката во ексклузивно интервју за Ројтерс претходно овој месец, објаснувајќи дека сака да им даде повеќе позиции на највисоко ниво во Светата столица на жените.

Во прашање се сестра Рафаела Петрини, моментално заменик-гувернер на Ватикан, француската калуѓерка Ивон Ренго и членка на заедницата на лаички католици Марија Лиа Зервино, шефица на здружението на женски католички организации UMOFC, јавува Ројтерс, а пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лидерите од Г20 повикаа на зголемување на хуманитарната помош за Газа