Папата Лав повика на прекин на конфликтот меѓу Израел и Хамас

Сподели со своите пријатели

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, денес апелираше до глобалната заедница да го прекине речиси двегодишниот конфликт меѓу Израел и Хамас, повикувајќи на траен прекин на огнот, ослободување на заложниците и обезбедување хуманитарна помош.

Loading...

„Уште еднаш упатувам силен апел за прекин на конфликтот во Светата земја, кој предизвика толку многу терор, уништување и смрт“, рече папата во својата ватиканска аудиенција.

„Барам да бидат ослободени сите заложници, да се постигне траен прекин на огнот, да се олесни безбеден влез на хуманитарна помош и целосно да се почитува меѓународното хуманитарно право“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелската армија пресретна ракета истрелана од Јемен

Порано овој месец, поглаварот на Римокатоличката црква упати итен апел до меѓународната заедница и нејзините лидери, велејќи дека војната мора да се отфрли како „средство за решавање на конфликти“.

За време на неделната миса, Папата потоа ги повика лидерите да преземат одговорност и активно да работат за постигнување мир, истовремено апелирајќи до верниците никогаш да не престанат да се молат за оваа цел.