Папата ги открива тајните архиви на Ватикан од Втората светска војна

Сподели со своите пријатели

Папата Франциск одлучи да ги отворит ајните архиви на Ватикан кои се однесуваат на периодот од Втората светска војна кога врховен поглавар бил Пие Дванаесетти, пренесува Ројтерс и наведува дека тоа е нешто што Евреите го барале со децении од поглаварот на Римокатоличката црква.

Loading...

Во соопштението се наведува дека одредени Евреи го обвините тогашниот папа, кој бил поглавар од 1939 до 1958 година, да не се залагал на сите начини против Холокаустот.

Ватикан, меѓутоа, тврдеше дека папата Пие Дванаесетти тајно работел, зад кулисите, за да ги спаси Евреите.

– Ахривите ќе бидат отворени на 2 март 2020 година, објави папата Франциск.

Тој рекол дека црквата не се плаши од историјата, додавајќи дека наследството на Пија се третира со одредени предрасуди и претерување.

Американскиот Еврејски Комитет (АЈС) е една од водечките еврејски организации во светот и ја поздравува одлукат.а

– Повеќе од 30 години, АЈС повикува на отворање на тајните архиви од Ватикан од периодот на Втората светска војна, рекол Раби Давид Росен, интернационален директор на АЈС за меѓурелигиски односи.

– Особено е важно за експертите на водечките институти во Израел и САД, кои се занимаваат со изучување на Холокаустот, колку е можно пообјективно да ги проценат историските записи од тие страшни времиња, да признаат и неуспеси, еднакво како и храбрите напори направени во Холокаустот, рекол Росен за агенцијата Ројтерс.

Loading...

Leave a Reply