Папата Франциско упати молитви за жртвите од земјотресот во Мароко

Сподели со своите пријатели

Папата Франциско ги упати своите молитви за народот на Мароко, каде што повеќе од 2.000 луѓе загинаа во разорниот земјотрес.

Loading...

Папата јавно изрази сочувство за илјадниците луѓе кои загинаа или беа погодени од земјотресот во центарот на Мароко, пишува Vatican News.

– Им благодарам на спасувачите и на оние кои се трудат да ги ублажат маките на луѓето. Сечија конкретна поддршка нека им помогне на луѓето да го издржат овој трагичен момент. Да бидеме со народот на Мароко – апелираше папата Фрањо.

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала во петокот вечерта го погоди планинскиот регион југозападно од Маракеш, предизвикувајќи големи штети и разурнувања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонија имала над 36,8 милиони туристи во 2024 година