Папата Франциско упати апел за мир на Блискиот Исток

Сподели со своите пријатели

Папата Франциско денеска апелираше за мир на Блискиот Исток, молејќи се да се одржи неодамнешното примирје меѓу Израел и милитантите во Појасот Газа.

Loading...

Тој испрати и порака по повод Денот на мајката, кој се слави во многу земји, а своите мисли и ги посвети на „уништената Украина“, пренесува Vatican News.

Говорејќи од прозорецот на неговата работна соба во Апостолската палата по молитвата на небесната кралица (Регина Каели) до верниците собрани на плоштадот Св. Петар во Ватикан, папата изрази жалење за страдањата во вооружените конфликти меѓу Израелците и Палестинците, во кои животот го загубија невини луѓе, меѓу кои и жени и деца.

– Се надевам дека штотуку постигнатото примирје ќе стане стабилно, дека пушките ќе замолчат, бидејќи безбедноста и стабилноста никогаш нема да се постигнат со оружје, туку напротив, секоја надеж за мир ќе продолжи да се уништува – рече Папата.

По повод Денот на мајката, Папата истакна дека „денес се сеќаваме на сите мајки, кои сѐ уште се меѓу нас и на оние кои заминаа на небото и во молитва пред насобраните верници повика на ублажување на маките на оние кои загинаа во Украина, како и за сите народи погодени од војни и насилство.