Папата Франциско повика на прекин на борбите во Конго

Сподели со своите пријатели

Папата Франциско денеска ги осуди конфликтите во источниот дел на Демократска Република Конго и повика на прекин на борбите.

Loading...

„Ги повикувам сите страни во конфликтот да се заложат за прекин на непријателствата и заштита на цивилното население на Гома и другите региони погодени од воените операции“, рече папата Франциско на крајот од генералната аудиенција.

Тој повика „што е можно поскоро да прекинат сите форми на насилство“.

Папата рече дека се моли „за враќање на мирот и безбедноста“ и на крајот ги повика „локалните власти и меѓународната заедница максимално да се заложат за мирно решавање на конфликтот“.

Интензивни борби се водеа во последните денови во Гома, град на истокот на Демократска Република Конго, главно во рацете на бунтовничката група М23 и силите на Руанда кои вчера го зазедоа аеродромот, помалку од два дена по влегувањето во град.

Повеќе од половина милион раселени

Повеќе од 100 мртви и речиси илјада ранети се пренесени во болниците во Гома во последните три дена од борбите, утврди во вторникот АФП врз основа на болничките извештаи.

Владата на Конго тврди дека борбите раселениле повеќе од 500.000 луѓе од почетокот на јануари.

Гневните демонстранти во вторникот нападнаа неколку амбасади во Киншаса, вклучувајќи ја и амбасадата на Руанда.

Loading...

Конгоанските власти ја обвинуваат Руанда дека им „објавува војна“ на истокот од земјата, додека ги критикуваат Кенија, Франција, Белгија и САД за нивната неактивност во оваа криза.