Папата Франциско: Потребна е крајна будност во борбата против корупцијата во Ватикан

Сподели со своите пријатели

Папата Франциско ги повика службениците на Канцеларијата на главниот ревизор во Ватикан да се борат против „подмолноста на корупцијата“ во Светата столица и државата Ватикан и ја истакна важноста од елиминирање на корупцијата во Ватикан.

Loading...

На средбата со претставниците на тоа антикорупциско тело, Папата ја истакна потребата да се балансира „апсолутна транспарентност во секоја акција“ со „милосрдна дискреција“, бидејќи, како што рече, скандалите повеќе служат за полнење на страниците на весниците отколку за суштински правилно однесување.

„Ве повикувам да им помогнете на одговорните за управување со имотот на Светата столица да создадат заштитни мерки кои можат да спречат да се материјализира подмолноста на корупцијата“, додаде Папата.

Тој нагласи дека заводот за ревизија е независен, бидејќи не зависи хиерархиски од други субјекти и дека се заснова на меѓународни принципи и професионализам, пренесува Vatican News.

Канцеларијата на главниот ревизор беше основана од папата Франциско пред девет години како антикорупциско тело задолжено за финансиски ревизии во државата Ватикан.