Папата Франциско вчера изјави дека Католичката црква е подготвена да прифати заеднички датум за Велигден со сите христијански цркви, така што сите цркви, вклучително и православните, протестантските и други, да го слават Велигден во ист ден, со што ќе се зајакне заедништвото меѓу верниците.
„Еден датум за Велигден. Католичката црква е подготвена да го прифати датумот на Велигден заради единство. Ова е година на благодатта, можност за сите христијани кои веруваат во ист Бог повторно да ги откријат заедничките корени на верата. Единството што сите сакаме да се случи“, рече папата, пренесува италијански „Прес“.
Оваа година Велигден ќе се слави на ист ден и во Грегоријанскиот и во Јулијанскиот календар, во годината кога се одбележува годишнината од Никејскиот собор.
„Го обновувам мојот повик оваа случајност да биде потсетник за сите христијани да направат одлучувачки чекор кон единството, околу заеднички датум за Велигден“, рече Папата.