Папата Франциск беше примен во болница во Рим за закажана операција поради проблеми со дебелото црево.
Портпаролот на Ватикан Матео Бруни вели дека ќе има повеќе информации по операцијата што ќе ја има папата во болницата Џемели.
Претходно во неделата, папата им се обрати на илјадници посетители на плоштадот Свети Петар.
Ова е првпат поглаварот на Римокатоличката црква да биде примен во болницата откако ја презеде функцијата во 2013 година.
Ватикан наведува дека папата бил примен во болница поради „симптоматска дивертикуларна стеноза“ на дебелото црево.
Дивертикуларната болест предизвикува испакнатини на sидовите на дебелото црево, што може да доведе до стеснување на тој орган.
Симптомите вклучуваат надуеност и болка во стомакот.
За време на неделното обраќање на плоштадот Свети Петар, папата најави дека ќе оди во Словачка во септември, а пред тоа во Унгарија.
Роден е во 1936 година во Буенос Аирес.
Кога имал 21 година, изгубил дел од десното белодробно крило.
Тој исто така страда од болка поради проблеми со колкот.

