Папата Франциск разговараше со НБА играчи на тема – социјална правда

Сподели со своите пријатели

Папата Франциск денеска во Ватикан прими петмина кошаркари од американската НБА лига, со кои разговараше за нивната работа во однос на прашања од сферата на социјалната правда, пренесува ЕСПН.

Loading...

Како што се наведува, делегацијата на НБА лигата на приемот кај поглаварот на Римокатоличката црква ја сочинуваа Марко Белинели, Кајл Корвер, Стерлинг Браун, Џонатан Ајзак и Ентони Толивер, а на состанокот присуствуваше и извршната директорка на здружението на играчи на НБА, Мишел Робертс.

Поканата од Ватикан на адресата на здружението пристигна минатата недела затоа што папата сакал да дознае повеќе за движењето „Black Lives Matter“ (Животите на црнците се важни), што НБА играчите го поддржаа за време на финалето на сезоната во Орландо, кога на своите дресови наместо нивните имиња, имаа напишано пораки за социјалната правда, како и за тоа што планираат да работат во иднина.

Сања Костовска

Leave a Reply