Паника во Њујорк: Три напади на ајкула за еден месец

Сподели со своите пријатели

Властите во Њујорк денеска зедоа голем дрон во воздухот за да ги надгледуваат водите околу популарната плажа Смит Поинт на Лонг Ајленд, откако три лица беа повредени во напад на ајкула овој месец.

Loading...

„Њујорк користеше беспилотни летала во минатото за шумски пожари и спасување, но сега тие ќе ги користат за да бараат ајкули во близина на плажите“, рече Стив Белони, претседател на округот Сафолк каде што се наоѓа Смит Поинт.

Овој месец имаше три одделни инциденти кај Лонг Ајленд.

Првиот се случи на 3 јули, кога спасител на плажа беше каснат од ајкула за време на вежбање, но тој оттогаш се опорави и се врати на работа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Инфлацијата во еврозоната во октомври порасна од 1,7 на два отсто

Двајца капачи беа нападнати во средата, њујоршкиот адвокат Шон Донели (41) рано утринава бил каснат за ногата од ајкула додека бил на чамец со веслање и бил пренесен во болница откако му помогнал локален ренџер.

Плажата беше затворена неколку часа во средата, но беше повторно отворена малку подоцна, бидејќи не беа забележани ајкули.

Трет човек вчера попладне бил нападнат од ајкула. Тој исто така бил пренесен во болница каде му била укажана лекарска помош.

Пред овие напади, плажата Смит Поинт немаше видено ништо слично откако беше отворена во 1959 година.

Loading...