Работник на фарма во Кенија ги извршувал секојдневните обврски кога видел нешто во грмушките. Тој во паника побегнал и повикал полиција.
„Здраво, полиција, има голем лав во градината и гледа во мојот правец“, им рекол вознемирениот човек на службите од другата страна на линијата.
Набрзо на терен пристигнале тројца вработени во службата за контрола на дивиот свет и тргнале во обиколка на теренот. Фармата се наоѓа во близина на национален парк и локалното население неодамна се пожали дека им снемува добиток, па затоа, според нивните зборови, биле „крајно претпазливи“.
Додека го пребарувале теренот, сопственикот на имотот пристигнал
– Го испративме да влезе од другата страна за да нема проблеми со животното – изјави Сајрус Мбијиве, шеф на надлежната служба.
Но, не можеше да има проблем со животното. Затоа што животното не ни постоело. Пред да замине од фармата, сопственикот ги ставил садниците во платнена кеса со фотографија од главата на лавот, а кутриот работник кога ја видел главата на лавот како излегува од грмушките, не се двоумел ниту за секунда да повика помош.
– Добра работа е што го направи тоа. Наша препорака е секогаш јавно да се јавуваат одговорните служби во случај на средба со диво животно – заклучува господинот Мбиџиве, пренесува Би-Би-Си.
In an interesting turn of events, we received numerous reports from locals at Kiangua location, Meru County of a lion hiding in a hedge
KWS Meru team swiftly rushed to scene in a bid to mitigate a possible Human Wildlife Conflict case. pic.twitter.com/K0up1GH6d6
— Kenya Wildlife Service (@kwskenya) May 5, 2022