ПАНИКА ВО КЕМБРИЏ: Му избегала змијата, во тек активна потрага

Сподели со своите пријатели

Пругаст питон долг околу 2,7 метри, кој би можел да изеде човек, избегал на својот сопственик во Кембриџ и сега слоботно талка низ универзитетот.

Loading...

Како што јавува Скај њуз, полицијата примила дојава дека змијата неодамна била забележана близу Ловел Роуд и покрената е потрага.

Иако питонот не е отровен и ретко напаѓа луѓе, возрасна единка својата вилица може да ја отвори доволно широко за да проголта човек.

Тој вид питон може да нарасте и до 9,6 метри должина и се смета за најдолгата змија во светот.

По потекло е од југоисточниот дел на Азија.

Image by u_8u5n1hlx from Pixabay

Leave a Reply