Паника на светските берзи, почна општата продажба на акции

Сподели со своите пријатели

На светските пазари на капитал завладеа паника поради руската воена акција во Украина, која предизвика општа продажба на акциите, а цените на доларите, златото и нафтата пораснаа.

Loading...

Најширокиот индекс на азиско-пацифичките акции на MSCI, без јапонската, падна за повеќе од 3,2 отсто, при што австралиските акции се во минус од повеќе од три отсто, а акциите на најликвидните кинески компании со загуба од 1,3 отсто, пренесува Танјуг.

 

 

Токискиот Никеи  индекс падна за 2,4 отсто.

Се чини дека падот на акциите од Азија ќе продолжи на берзите во Европа и Америка, а цените на суровините ќе продолжат нагло да растат, што дополнително ги зголемува ризиците од аспект на инфлација и економски раст.

Забележаната нестабилност на берзите беше предизвикана од продлабочувањето на руско-украинскиот конфликт, при што индексот на нестабилност, кој го мери степенот на страв на Волстрит, во изминатите девет дена скокна за повеќе од 55 отсто.

Loading...

 

 

Геополитичките тензии влијаеја и на приносите на американските обврзници. Приносите на референтните десетгодишни американски обврзници паднаа на 1,8681 отсто од вчерашното ниво од 1,977 отсто. Потона и приносот на двегодишните должнички хартии од вредност од 1,6 на 1,5 отсто.

Глобалниот пресврт на инвеститорите кон инвестиции во сигурни средства го поттикна скокот на доларот за повеќе од половина процент во однос на споредба на ривалските валути, на 96,715 поени, додека еврото падна за 0,8 отсто на 1,1220 долари.

Другите распродажби се проширија на пазарите на криптовалути, со што биткоинот беше под 35.000 долари за прв пат по неколку месеци.

 

Loading...

 

Од друга страна, денеска, за прв пат од 2014 година, нафтата го надмина нивото од 100 долари за барел, додека со европската нафта „Брент“ утринава се тргуваше по цена од 101,93 долари. За повеќе од 1,7 отсто скокна и вредноста на златото на спортскиот пазар, достигнувајќи највисоко ниво од почетокот на јануари 2021 година.