Панихида во чест на загинатите полицајци од Диво насеље

Сподели со своите пријатели

Со палење свеќи и свечена литургија денеска во Соборниот храм „Св. Никола“ во Куманово се одржа панихида во чест на осумте припадници на безбедносните структури на Република Македонија кои на овој ден пред две години ги изгубија своите животи бранејќи го Диво насеље, но и државата од терористичкиот напад.

Панихидата беше во оргнаизација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Ова е втора година што Општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ организира панихида за апднатите херои од настаните на 9ти мај 2015 година, да одадеме почит на луѓето кои за оваа земја ги положија животите храбро, не штедејќи се себе и давајќи пример на сите како треба да се брани државата, како треба да се брани народот на оваа држава. По оваа панихида имаме комеморација мала, меѓутоа сакам да кажам гледате овде е доста мосовно посетено од луѓето, голем дел непартиско членство што е добар пример за благодарноста на кумановчани за настаните како се завршија на 9ти мај дека тие луѓе што храбро заминаа во таа битка што се борат за овај народ, има луѓе што ја ценат нивната жртва – изјави Зоран Ѓорѓиевски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од минатогодишната панихида оваа година од нив скоро и да немаше никој.