Една од првите работи што малите деца ги учат се звуците од животни како свињи, крави, кучиња, мачки… Меѓутоа, ретко кога детето ќе ги знае сите звуци, само при спомнување на животно, со само неколку месеци, па не е чудно што деветмесечното бебе стана вистински хит на интернет откако покажа дека знае се.
ТикТокерка Hannah ја објавила својата 9-месечна внука која имитира звуци на животни и ја нарече бебе гениј, пренесува Yahoo.
Хана го прашува девојчето како звучат свињите, кравите и бувовите, а секунда подоцна малото девојче ги имитира гласовите .
Видеото е прегледано 13 милиони пати, а луѓето во коментарите не можеа да го сокријат својот ентузијазам. “Само девет месеци? Што го храните ова бебе? Таа е толку паметна”, напишала една личност.
@hhgm98 Baby genius #babiesoftiktok #genuisbaby #IKnowWhatYouDid #MyBrawlSuper #TreatiestCupContest

