Паметни леќи како „екран“ во окото (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кога размислуваме за иднината, веднаш помислуваме на чипови во мозокот, паметни очила и други уреди со помош на кои би можеле да се ослободиме од телефоните и компјутерите.

Loading...

Паметните контактни леќи од компанијата Mojo нè доближуваат до тој свет, бидејќи содржат Micro LED дисплеј кој корисникот го контролира со своето око.

 

 

Компанијата работи на своите паметни леќи од 2015 година, а идејата е слична на онаа на која се базираат паметните очила – да се постави технологија за проширена реалност во близина на очите, за да им се олесни на корисниците да ги извршуваат секојдневните задачи. Mojo Vision конечно има работен прототип, а што работи може да се тестира.

Во срцето на објективот е Arm M0 процесорот и Micro LED со 14 илјади пиксели на инч. Дисплејот е со дијаметар од само 0,5 милиметри, што според креаторите го прави најмалиот екран за прикажување динамична содржина некогаш направен.

Прототипот е одлична платформа за тестирање, а успешните тестови се патот до одобрување за масовно производство. Работите од филмовите полека стануваат реалност.

Loading...