Палма де Мајорка под вода, поплавен е и аеродромот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вчера попладне силен дожд поплави делови од популарната шпанска туристичка дестинација Палма де Мајорка, а големи проблеми имаше и тамошниот аеродром, поради што беше затворен извесен период.

Loading...

Дури и пистите беа поплавени. На социјалните мрежи кружат видеа од поплавата на кои некои вработени дури и нуркаат за да покажат колку длабока е водата.

„Метеоролошката станица на аеродромот забележа врнежи од речиси 5 сантиметри на час, кои за помалку од еден час достигнаа максимум од 9 сантиметри.

 

 

„Хаос“

Сведоците рекоа дека се било хаотично и дека патниците трчале да се засолнат од дождот кој излеал низ покривот на аеродромската зграда, пишува Мајорка Дејли Булетин.

Аена, операторот на аеродромот во Палма де Мајорка, потврди дека имало поплави на некои влезови во објектот и во зградата на терминалот.

Loading...

Во соопштението за печатот се наведува: „Аеродромот во Палма де Мајорка е привремено парализиран поради ударот на силна бура, поради неможноста за безбедно функционирање“.

 

 

Аеродромот – трет по големина во Шпанија – активираше план за итни случаи и летовите до Мајорка беа привремено пренасочени на алтернативни аеродроми, рече министерот за транспорт Оскар Пуенте.

По некое време, кога дождот престана, аеродромот продолжи со работа.

„Веќе започнаа првите полетувања и слетувања, а се очекува пренасочените летови да слетаат на аеродромот во текот на попладневните часови“, додаде Аена.

 

Loading...