Палестинците повторно страдаат во редици за храна

Сподели со своите пријатели

Меѓународните и невладините организации предупредуваат дека во Газа е извршен нов напад врз жителите кои чекаат помош, додека се повеќе деца во Газа се на работ на смртта.

Loading...

Имено, израелската армија изврши нов напад врз луѓето кои се собраа во градот Газа за да добијат хуманитарна помош. 24 лица загинаа, а камионот со помош е уништен.

Во новиот израелски напад на градот Газа, со помош што беше во камионите, беа уништени и околните згради. Заедно со 24 загинати, наводно се повредени и неколку лица.

Ова не е прв случај на намерен и директен напад врз камиони со хуманитарна помош и луѓе кои во големи групи се собраа околу нив поради се пораспространетиот глад на северот од окупираната територија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку две лица загинаа во напад на израелски дронови во близина на Газа

Во бегалскиот камп Џабалија нападнат и уништен е центарот за дистрибуција на храна.

Во друг израелски напад врз градот Газа, 15 лица, главно жени и деца, беа убиени во станбена зграда во центарот на градот. Телата се заробени под урнатините.

Мета на израелски напад беше и бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа, при што загинаа 17 лица, јави палестинската новинска агенција Вафа. Нападната е трикатна станбена зграда во кампот.

Во меѓувреме, портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО) Маргарет Харис предупреди дека се повеќе деца во Газа се „на работ на смртта“ поради акутен глад.

Loading...

Лекарите и другите здравствени работници се повеќе ги забележуваат ефектите од гладот,

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел во недела гласа за забрана на истакнување на палестинското знаме

„Тие гледаат како бебињата умираат само затоа што се родени со недоволна тежина“, рече Харис.

Таа изјави и дека здравствените работници се справуваат со зголемен број на опасно неухранети трудници.

Таа истакна дека кризата со глад во Газа е исклучиво последица на војната и „целосно вештачка“.

Во исто време, канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли во вторникот објави дека канадската влада ќе ја запре продажбата на оружје на Израел.

Одлуката уследи по гласањето во парламентот за необврзувачка резолуција за оваа тема предложена од Новата демократска партија (НДП), пишува „Гардијан“.

Партијата, која ја поддржува малцинската влада на премиерот Џастин Трудо, изрази незадоволство поради она што го смета за недоволна владина акција за заштита на цивилите во Газа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нови воздушни напади на израелската армија врз јужните предградија на Бејрут

Резолуцијата ја повика владата да работи на формирање на Државата Палестина. Тоа е компромисен повик, бидејќи НДП претходно ја повика владата да ја признае државата Палестина.

Loading...

Произраелската лоби група Центар за израелски и еврејски прашања ја нарече резолуцијата „лажна и неискрена“ и додаде дека таа нема да промовира мир.

Не е јасно дали најавата за прекин на извозот на оружје во Израел се однесува и на веќе издадените извозни дозволи.