Ненадејниот напад на Хамас врз Израел беше колосален неуспех на израелското разузнавање, изјави во саботата експертот за безбедност на Би-Би-Си, Френк Гарднер.
Израел има една од најобемните и најсофистицираните разузнавачки мрежи на Блискиот Исток, и домашни и странски.
Тој има доушници инфилтрирани во милитантни групи не само на палестинските територии туку и во Либан, Сирија и на други места.
Во минатото, тие можеа да убиваат водачи на милитантите со прецизни напади користејќи беспилотни летала или дури и мобилни телефони со експлозив.
Меѓутоа, со овој напад на Хамас на крајот на еврејскиот празник, Израел се чини дека е фатен како дреме.
Се чини дека милитантите успеаја да планираат и да започнат внимателно координиран напад врз Израел во целосна тајност. Нема сомнеж дека Израел ќе возврати со голема сила.
Но, Израелците сега ќе се прашуваат зошто нивните шпиони не знаеле дека ова доаѓа и ја предупредиле земјата за тоа, заклучува Би-Би-Си.
На социјалните мрежи се шири и видео од наводниот упад на израелска територија. На видеото се гледа како ограда се урива од булдожер.
Снимката не можеше да се потврди независно.
Palestinians use a bulldozer to break through the border fences and enter Israeli territory. pic.twitter.com/AusgwKf4JD
— NEXTA (@nexta_tv) October 7, 2023