Палестина: Израелците убија две деца на Западниот Брег

Сподели со своите пријатели

Израелските сили денеска убија две палестински деца во градот Џенин, на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Loading...

Ал Џезира, повикувајќи се на палестинската новинска агенција Вафа, пренесува дека израелската армија привела повредено лице, кое со возило на брза помош е пренесено во болница.

Палестинската Црвена полумесечина сподели видео на социјалните мрежи за кое тврди дека покажува како израелската армија го блокира преминувањето на медицинските работници.

„Израелските окупациски сили ги спречуваат болничарите на Црвената полумесечина да стигнат до опколената населба во бегалскиот камп Џенин, и покрај тоа што таму има повредени на кои им е потребна помош и чии животи се во опасност“, наведуваат од Црвената полумесечина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Доха продолжуваат индиректните преговори меѓу Израел и Хамас