Палермо: Над 1.000 ковчези со покојници чекаат на погреб, се собираат уште од 2019та

Сподели со своите пријатели

Повеќе од илјада ковчези со телата на починатите го чекаат погребот во Палермо, објави новинската агенција Анса.

Loading...

Ковчезите се натрупуваат од есента 2019 година, а некои се напукнати  поради неодамнешната неподнослива жештина, изјави директорот на локалните гробишта Ротоли, Леонардо Кристофаро, пренесува Хина.

„Поради недостаток на гробови, како и поради покачени температури, многу ковчези почнаа опасно да скапуваат“, рече тој.

Кристофаро предупреди дека ситуацијата бара итно поставување ковчези во земјата или купување соодветни кутии со цинк, кои помагаат да се спречи распаѓање.

„Свесни сме дека без поставување ковчези во гробови или набавка на ковчези со цинк, ситуацијата може само да се влоши, што исто така може да претставува опасност за здравјето на луѓето.