Како што јавува Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Куманово и Старо Нагоричане се регистирани две интервенции, кога во близина селото Облавце е пријавен пожар кој се ширел на приближно два хектари, при што со пожар била зафатена сува трева, стрниште и 30 бали слама.
Пожарот е локализиран во 13:40 часот со едно противпожарно возило и двајца пожарникари, а во гаснењето се вклучиле и жители на околните куќи.
На територијата на Куманово пак, вчера е регистрирана една интервенција, и тоа во село Романовце каде што било запалено стрниште.
Пожарникарите на ТППЕ Куманово интервенирале од 1 час по полноќ до 02:20 часот со тројца пожарникари и едно противпожарно возило.