Три лица од Куманово, меѓу кои и еден малолетник ќе одговараат за „предизвикување општа опасност“, откако предизвикале пожар со палење кабли.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Р.(29), А.А.(28) и 14-годишник, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност’’, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, на 13.07.2025 на место викано ,,Бавчи’’ во Куманово, пријавените запалиле кабли со цел вадење бакар, при што огнот се проширил и зафатил сува трева во околината.
Никола Ивановски