Бебето, кое се смета за најмалото на светот при раѓање, беше пуштено од болница во Сингапур по 13 месеци интензивно лекување.
Квек Ју Суан имала само 212 грама кога била родена и била долга 24 сантиметри, пишува Би -Би -Си, а пренесува Танјуг.
Мајката на Квек Ју Суан се породила пред 25 -та недела, многу помалку од просекот од 40 недели, откако и бил дијагностициран опасно висок крвен притисок, што можело да биде фатално и за неа и за бебето.
Претходниот рекордер беше девојче од САД, кое тежеше 245 грама во 2018 година.
Ју Суан сега е многу поздрава и тежи 6,3 килограми.
Според податоците на Националната универзитетска болница во Сингапур (НУХ), каде што е родено, девојчето имало „ограничени шанси за преживување“.
И покрај малите шанси, со здравствени компликации кои се присутни при раѓање, таа ги инспирираше луѓето околу себе со својата истрајност и раст, што ја прави исклучително бебе, се вели во соопштението на болницата.