Пакистанските сили убија 30 милитанти кои се обиделе да влезат од Авганистан

Сподели со своите пријатели

Пакистанските безбедносни сили убија 30 милитанти кои се обидоа да влезат во земјата од Авганистан, објави денес пакистанската армија.

Loading...

Војската соопшти дека пакистанските талибанци биле забележани преку ноќ во округот Северен Вазиристан во покраината Хајбер-Пахтунхва, а војската запленила оружје, муниција и експлозиви од милитантите, објавува АП.

Во соопштението на армијата не се прецизира дали имало пукање или други детали за операцијата.

Војската тврди дека милитантите се поддржани од Индија, која побара од авганистанската влада да спречи странски посредници да ја користат нејзината територија за напад врз Пакистан.

Њу Делхи сè уште не дал коментар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се урна станбена зграда во Пакистан, најмалку пет лица загинаа

Пакистанските власти често ја обвинуваат Индија за поддршка на забранети групи како што се Ослободителната армија на Белуџите и пакистанските талибанци, кои спроведуваат насилство во Пакистан, објавува Танјуг.