Пакистанци шверцувале Непалци низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Две лица од Пакистан биле приведени викендов во близина на кумновското село Табановце поради шверц на мигранти од Непал.

Loading...

– На 07.04.2024 околу 20.30 часот во близина на с.Табановце, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот ги лишиле од слобода Ј.А.(22) и З.А.(21), двајцата од Пакистан, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од МВР, претходно, тие со патничко возило „фиат браво“ со струмички регистарски ознаки не застанале на знак за запирање даден од полициски службеници, но набргу возилото било престигнато и запрено и во него биле пронајдени шест лица мигранти од Непал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спречен шверц на облека на ГП Табановце

– По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски