ПАКИСТАН: Во снежна бура смртно страдаа најмалку 16 лица (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

За време на снежна бура во пакистанскиот зимски центар Мури, температурите се спуштија на минус осум степени, а најмалку 16 лица кои се нашле заглавени во своите возила ги загубија животите, соопштија денеска пакистанските власти.

Loading...

Полицаецот во Исламабад Атик Ахмед изјави дека осум од 16-те загинати се од семејството на неговиот колега полицаец од Исламабад Навед Икбал, кој исто така загинал и потврдил дека сите жртви починале од хипотермија, пренесува АП.

Пакистанскиот министер за внатрешни работи Шеик Рашид Ахмед изјави дека илјадници возила се извлечени од снегот, но дека повеќе од илјада сѐ уште се заглавени во областа.

Сместено на 45,5 километри северно од главниот град Исламабад, Мури е популарно зимско одморалиште кое привлекува повеќе од милион туристи годишно.

Улиците кои водат кон градот во зима често се блокирани од снег, а министерот за внатрешни работи рече дека во текот на ноќта на тоа подрачје наврнале повеќе од 1,2 метри снег и дека од денеска е блокиран целиот дојдовен сообраќај.