ПАКИСТАН ТЕСТИРА МОЌНА РАКЕТА: Има домет од 490км, а неговата задача е да одговори на заканите од Индија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пакистанската војска денеска потврди дека успешно тестирала балистичка ракета земја-земја со мал дострел, способна да погодува копнени и морски цели со голема точност до 490 километри.

Loading...

Се наведува дека крстосувачката ракета „Бабур“ е успешно лансирана од најсовремено ракетно возило со повеќе барели, и дека пакистанскиот претседател Ариф Алви, премиерот Имран Кан и военото раководство на земјата им честитале на научниците и инженерите на успешно лансирање.

Нуклеарната и ракетната програма на Пакистан првенствено е насочена кон спречување на заканите од соседна Индија, и двете нации имаат нуклеарно оружје и водеа две од трите војни над регионот Кашмир, кој е поделен меѓу нив и на кој имаат право двете земји.

 

Leave a Reply