Владата на Пакистан објави дека формално ќе го номинира американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир во 2026 година за она што го нарекува „одлучувачка дипломатска интервенција и клучно водство“ за време на кризата меѓу Пакистан и Индија.
Во изјава на Платформа X, пакистанските власти изјавија дека меѓународната заедница била сведок на „неиспровоцираната и нелегална агресија“ на Индија, која ја опишаа како сериозно кршење на суверенитетот на Пакистан, со цивилни жртви, вклучувајќи жени, деца и стари лица, објави Фокс њуз.
Според изјавата на Пакистан, во клучен момент на регионална нестабилност, Трамп покажал „стратешки увид и државнички дух“ преку интензивен дипломатски ангажман со властите во Исламабад и Њу Делхи.
Благодарение на таа интервенција, според владата, бил спречен поширок конфликт меѓу двете нуклеарни сили и бил постигнат прекин на огнот.
„Оваа интервенција сведочи за неговата улога како вистински миротворец и посветеност на решавање на конфликтите преку дијалог“, додаде публикацијата.