Пакистан денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според информациите, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 35 километри и на 106 километри од градот Куздар.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

