Бројот на загинати во големото невреме во Пакистан минатиот месец се искачи на 147.
Loading...
Монсунските дождови продолжија да прават хаос и да предизвикуваат големи поплави во некои делови од земјата, соопштија денеска локалните власти.
Националната служба за катастрофи соопшти дека меѓу загинатите досега има 88 жени и деца, а монсунските дождови оштетија куќи, патишта и трафостаници, пренесе АП.
Ситуацијата е особено опасна во главниот град Карачи, на југот на земјата, каде денеска се поплавени некои населби.
Некои жители успеале да се евакуираат на безбедно со помош на чамци.
„Во моментов ситуацијата е таква што повеќе се патува со брод отколку со автомобил, бидејќи патиштата се поплавени“, вели еден од жителите.