Пакистан: 20 загинати во судар на цистерна и автобус

Сподели со своите пријатели

Најмалку 20 лица загинаа во судир на цистерна со нафта и патнички автобус во Пакистан, јавија утрово портпаролот на полицијата и медиумите.

Loading...

Засега не е јасно што ја предизвикало несреќата во неделата навечер или во вторникот наутро на автопатот во близина на централниот град Мултан.

Автобусот и цистерната биле зафатени од пламен по судирот, се вели во соопштението на полицискиот портпарол, без да наведе детали за бројот на жртвите.

Телевизиите Гео и Дуња објавија дека загинале најмалку 20 луѓе.

Шест патници преживеале, изјави претставник на државната спасувачка служба за ТВ Дуња од местото на несреќата.

– Пожарот беснееше кога стигнавме овде – рекол тој, пренесува Ројтерс.