ПАКИСТАН: 11 војници и 40 цивили загинаа во судирите со Индија

Сподели со своите пријатели

Во судирите со Индија загинаа 11 припадници на пакистанската армија и 40 цивили, соопшти утрово пакистанската армија.

Loading...

Конфликтот избувна ноќта на 7 мај кога Индија лансираше повеќе ракети врз девет цели во Пакистан, кои ги нарече „терористичка инфраструктура“, како одговор на нападот на 22 април во индискиот дел од Кашмир, во кој загинаа 26 туристи, објави Ројтерс.

Индија го обвини Пакистан за нападот, што властите во Исламабад го негираа.

Индија и Пакистан во саботата постигнаа договор за прекин на сите воени дејствија на копно, воздух и море.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индискиот премиер тврди дека борбите со Пакистан се „само паузирани“