Паѓа дожд во Гренланд – јасен знак за катастрофална криза

Сподели со своите пријатели

Научниците од Станицата на Американската национална фондација за наука забележаа дожд во текот на 14 август, но немаа мерни инструменти, бидејќи врнежите беа неочекувани. Околу седум милијарди тони вода паднаа од облаците над Гренланд.

Loading...

Дождот падна за време на екстремно топлите три дена во Гренланд, кога температурите беа 18 степени повисоки од просечните на некои места. Како резултат на тоа, топењето е забележано во поголемиот дел од Гренланд, на површина околу четири пати поголема од Велика Британија.

Неодамнешниот извештај на Меѓувладиниот панел за климатски промени заклучи дека е „недвосмислено“ дека емисиите на јаглерод диоксид поради човечките активности ја загреваат планетата и предизвикуваат топење на мразот и зголемување на нивото на морето.

 

 

Глобалното ниво на морето би се зголемило за околу шест метри доколку се стопи целиот мраз на Гренланд, иако за тоа би биле потребни векови или милениуми. Но, сигурно е дека топењето од Гренланд го зголемува нивото на морето започнувајќи од 1994 година и ги загрозува крајбрежните градови во светот.

Мразот на Гренланд се топи побрзо од кога било во изминатите 12.000 години, проценуваат научниците.

Loading...