Паднал од седмиот кат и убил посетител на концерт на групата ABBA

Сподели со своите пријатели

Две лица го загубија животот, а едно е повредено вчера во концертна сала во шведскиот град Упсала кога едно лице падна од седми кат врз двајца гледачи, соопшти полицијата.

Loading...

Илјадници гледачи се собраа во модерна катна зграда каде требаше да се одржи концерт како дел од познатата шведска поп група АББА, пренесува 24 sata.hr.

„Добивме повик за лице кое скокнало или паднало од голема висина во концертна сала во центарот на Упсала“, изјавил за AFP портпаролот на полицијата Магнус Јансон Кларин.

Во концертната сала бил отворен простор во кој тоа лице паднало од седми кат врз две лица, од кои едното починало, а другото е полесно повредено.

Смртно повредено е и лицето кое паднало.

Портпаролот не го откри идентитетот на жртвите додека нивните семејства не бидат известени.

– Прерано е да се утврди дали се работи за кривично дело, изјави Кларин.

Несреќата се случила нешто пред 18 часот додека посетителите влегувале внатре. Концертот требало да започне во 19.30 часот, но беше откажан поради кобниот настан.

Loading...