Падна Чернобил: Русија ја презеде контролата, не е познато дали е безбедна електраната

Сподели со своите пријатели

Информацијата ја потврди Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесе Index.hr.

Loading...

„По жестока битка ја загубивме контролата над Чернобил. Состојбата на нуклеарната централа и складирањето на нуклеарниот отпад не е позната“, рече тој.

 

Белорускa новинарка: Ја зазедоа електраната во Чернобил и ги зедоа работниците како заложници

 

„Невозможно е да се каже дека нуклеарната централа во Чернобил е безбедна по целосно бесмислен руски напад“, рече Подољак, пренесува Ројтерс.

Како што истакна Подољак, тој потег е една од најсериозните закани во Европа денес.

Украинскиот уредник и новинар Метју Купфер ја сподели својата изјава на „Твитер“.

Loading...