Цените на нафтата на почетокот на мај паднаа трета недела по ред.
Во еден момент тие паднаа на најниските нивоа за една и пол година, бидејќи централните банки дополнително ги зголемија каматните стапки, што ќе го забави растот на економијата и побарувачката на црно злато, пренесува SEEbiz.
Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 5,3 отсто на 75,3 долари, а на американскиот пазар за 7,1 отсто на 71,34 долари.
Тоа е трета недела по ред како цените паѓаат, невидено од ноември, во еден момент паѓајќи на своите најниски нивоа од крајот на 2001 година.
Ова е последица на загриженоста на трговците за побарувачката, имајќи предвид дека минатата недела американските и европските централни банки повторно ги зголемија каматните стапки за 0,25 процентни поени.