Количеството на микропластика во пацифичката зона помеѓу Калифорнија и Хаваи расте, на подрачјето на Тихиот океан познато како „Голем пацифички остров на сметот“ плутаат 80.000 тони пластика, што е 16 пати повеќе од проценетото.
Бура донесе бранови смет на плажите на Либан (фото)
Loading...
Истражувањето објавено во списанието „Саентифик репортс“ покажува дека „островот на сметот“ зазема површина од 1,6 милиони километри квадратни и содржи вкупно 1,8 милијарди честички со различна големина, а 99 отсто од отпадот се пластика.
Научниците од фондацијата „Чистење на океанот“ дошле до проценка на основните анализи на фотографиите од воздухот и отпадот од уловеното во мрежата на тоа подрачје.
Остров од отпадоци плови по Карипското море (видео)
„Островот на сметот“ се наоѓа помеѓу Калифорнија и Хаваи и е најголема од петте океански акумулациони зони на кои поради океанските струи се собира отпадот.
Научниците ги загрижува фактот што меѓу отпадот се зголемува количината на микропластиката, односно парчиња пластика помали од пет милиметри.
Ова се најопасните места со највисок степен на радијација (фото)
Истражувањето покажало дека количината на микропластика во зоната три пати се зголемула од седумдесетите години на минатиот век.
Три четвртини отпад во таа зона, сепак создаваат поголеми пластични парчиња, а од тоа, скоро половина се мрежи за риболов.
Четири најморничави места во светот (видео)
Не се знае колку пластика всушност има во морињата.
Новото истражување дава целосен увид во големината на проблемот, благодарение на снимките од воздух.