Пациентите од кумановската болница пренесени во Скопје

Сподели со своите пријатели

Пациентите кои беа на Инфективното одделение при Општа болница Куманово, кај кои е потврден коронавирусот, денеска се префрлени во Скопје, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

Loading...

Како што појасни тој, ваквата одлука следувала по намалувањето на дел од вработените на оваа одделение во болницата, каде дел од медицинскиот персонал е позитивен на вирусот, а дел се во самоизолација.

– Повторно разговаравме со директорката на болницата во Куманово, сите хоспитализирани таму, со оглед дека бројот на вработени е намален, дел од нив се во самоизоалција, се префрлени на Инфективната клиника во Скопје, а понатаму инфективното одделние во Куманово ќе прави трижаја и проценка на здравствена состојба и во координација со министерството, со директорката на Клиниката за инфективни болести и болницата „8 Септември“ ќе се прави проценка дали дел од пациентите ќе се препраќаат во Скопје или ќе се лекуваат во Куманово, изјави Филипче.

Завршени се и серолошки тестирања на 210 вработени во кумановската болница, од кои кај двајца е потврдено присуство на антитела од вирусот и тие ќе бидат тестирани дали се позитивни на коронавирусот.

Никола Ивановски

Leave a Reply