Еден паб во Ирска одлучил да им наплаќа на гостите за секое спомнување на коронавирусот и пандемијата.
На шанкот е ставена пластична чаша во која секој мора да стави по две евра кога ќе го спомне тој збор.
Менаџерот на „Алт“ барот, Кристофер Мур истакна дека се собрани 280 евра, а целиот приход ќе биде наменет за помош на болните во Донегал.
„Додека ги послужуваме гостите и стоиме на нивната маса, ги слушаме нивните разговори и знаеме за што зборуваат сите. За што и да почнеме да зборуваме, темата е секогаш приказната за вирусот. Сакавме да ја промениме атмосферата и да ги охрабриме луѓето да зборуваат за заеднички работи“, изјави менаџерот на барот Кристофер Мур.
Тие исто така започнале кампања на GoFundMe во барот.
„Се започна како забава и се претвори во одличен начин да се соберат средства за болните. Собираме пари за помош на Донегалскиот хоспис и секоја донација ќе помогне“, напишаа вработените во барот „Алт“.