Дупката во озонската обвивка над Антарктикот полека „закрепнува“, затоа што дојде до намалување на користењето на супстанци кои доведуваат до уништување на озонот. За тоа најмногу е заслужно потпишувањето на Протоколот во Монтреал во 1987-ма година.
Поради озонската дупка настанаа промени во ветровите над јужната хемисфера, сметаат научниците. Поради оштетувањето на озонската обвивка, воздушните струи се поместувале кон југ, а сега ситуацијата е обратна.
Пред 2000-та година, воздушните струи постепено се поместувале кон Јужниот пол, а тие кои што предизвикувале торнада се ширеле. Тоа дополнително влијае на создавањето на дождови во јужната хемисфера, па затоа Австралија се соочуваше со големи суши.
Научниците со помош на компјутерски симулации утврдиле дека воздушните струи престанаа да се поместуваат кон југ, откако озонската дупка започна да се намалува. Минатаата година озонската дупка над Антарктикот беше со најмала големина од 1982-ра година, но тоа беше само привремено.
Се смета дека причина за тоа биле невообичаено благите температури во тој дел од атмосферата.
Озонската дупка се наоѓа од 11 до 40 километри над површината на Земјата и служи како заштита од зрачењето на Сонцето.
Извор: Сител