Овошје кое изобилува со вода, витамин Ц и калиум – штити од кардиоваскуларни заболувања

Сподели со своите пријатели

Иако е слатка, дињата е и лековита. Сè освен кората е за јадење, нејзините семиња се богати со омега-3 масни киселини.

Loading...

Една порција диња од околу 150 грама содржи: 53 калории, 0,3 g масти, 13 g јаглени хидрати, 1,4 g влакна, 30% од дневната количина на витамин А, 78% од дневната количина на витамин Ц.

Лековити својства на диња

Иако е многу слатка, дињата спаѓа во овошје кое е многу здраво благодарение на витамините и минералите (калиум, магнезиум, фолна киселина, фосфор…) Богата е со антиоксиданси холин, зеаксантин и бета каротен, кои го штитат организмот од слободните радикали и го спречуваат развојот на многу болести.а особено се корисни за здравјето на очите.

 

 

 

Изобилството на витамин Ц го зајакнува имунитетот и помага во производството на колаген, кој ја одржува кожата младешка и свежа. Истиот ефект го има и витаминот А, кој го содржи и дињата.

Loading...

Дињата содржи 90 проценти вода, што ја прави совршена храна за топлите летни денови. Со оглед на тоа што содржи околу 10 проценти од дневната потреба за калиум, помага во регулирање на крвниот притисок, штити од кардиоваскуларни болести и спречува грчеви во мускулите.

Калиумот, исто така, помага во одржување на балансот на електролити во телото и го намалува задржувањето на водата.

 

 

Покрај вода, дињата содржи и многу влакна. Тие се важни за варењето. Ако имате проблем со запек, изедете неколку парчиња од овој деликатес.

Бидејќи е „тежок на стомакот“, се препорачува да се јаде пред оброк или како посебно јадење. Луѓето кои имаат проблеми со бубрежни заболувања треба да го јадат во ограничени количини.