Овој град прогласи вонредна состојба поради предозирање со дрога кај жителите!

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Сан Франциско, Лондон Бриџ, прогласи вонредна состојба во областа Тендерлоин, област со висок процент на бездомници и ужасно висок број на смртни случаи од предозирање со дрога, во обид да се бори против криминалот и да ги намали смртните случаи од предозирање.

Loading...

„Ние сме во криза и мораме да реагираме соодветно“, рече Брид на прес-конференција.

Со најавениот план агресивно ќе се решаваат прашањата поврзани со како што таа ги нарече „опасни улици“ во градот, а се планира и зголемување на буџетот за полицијата.

 

 

„Премногу луѓе умираат во овој град, премногу луѓе лежат испружени на нашите улици“, рече градоначалникот, наведувајќи го фактот дека по две лица умираат секој ден од предозирање, главно со фентанил.

„Време е да се стави крај на владеењето на криминалците кои го уништуваат нашиот град“, рече Брид.

Loading...

Како што беше најавено, веќе е во тек значително зголемување на присуството на полицијата која има задача да се справи со продавачите и корисниците на дрога.

Смртните случаи поврзани со дрога се во пораст во градот, надминувајќи го бројот на смртни случаи од Ковид минатата година.

 

 

Прогласувањето на вонредна состојба ќе му овозможи на градот да ја прескокне бирократијата и брзо да обезбеди засолниште, советување и медицинска нега на луѓето кои страдаат од зависност, посочија Брид и други градски власти.

Овој потег доаѓа неколку недели откако Сан Франциско беше цел на координирани кражби, каде групи луѓе упаднаа во луксузни продавници вооружени со клешти и чекани.

Како одговор, градот распореди засилени полициски сили околу центарот на градот.

Loading...