Покрај тоа што ја носи титулата најсеверно населен град во светот, норвешкиот град Лонгиербајен, сместен на Свалбард, има и навидум бизарен закон! Умирање е забрането!
Во градот Лонгиербајен никој не починал скоро 70 години, затоа што умирањето е забрането со закон.
Уште во 1950 година било откриено дека телата закопани на градските гробишта не се распаѓаат бидејќи почвата постојано се замрзнува, а како резултат на тоа, вирусите во труповите можат да преживеат и постои ризик од идни инфекции.
Дури и да сте го поминале целиот свој живот во овој град, ако случајно се разболите и болеста ја достигне својата последна фаза, ќе мора да го напуштите островот и да се соочите со смртта на друго место.
Ако, сепак, се случи некој да умре одеднаш, неговото тело ќе биде итно испратено и нема да биде погребано на островот.
Постои многу важна причина зад овој навистина бизарен закон: заштитата на другите жители.
Уште во 1950 година било откриено дека телата закопани на градските гробишта не се распаѓаат бидејќи почвата постојано се замрзнува, а како резултат на тоа, вирусите во труповите можат да преживеат и постои ризик од идни инфекции.
Нешто слично се случило на северот на Сибир, каде што имало епидемија на антракс во 2016 година.
По тој повод, причина за инфекцијата се сметале телата на диви животни кои биле во замрзната почва, кои се стопиле при ненадејниот пораст на температурата. Тогаш едно лице починало, а други 90 завршиле во болница.
Исто така, откриено е дека вирусот на шпански грип сè уште се наоѓа во телата на луѓето кои починале на почетокот на минатиот векот, а последното лице заразено со таа болест во овој норвешки град починало во 1917 година.
Населбата имала 2.144 жители на пописот во 2015 година, а островот има арктичка клима со летни температури од три до седум степени, а зимските температури паѓаат на минус 13 степени целзиусови.
Поларната ноќ трае 111 дена (од крајот на октомври до март владее целосен мрак).