Витенум е град во Австралија кој го нарекуваат најопасниот во светот бидејќи само вдишување на воздухот во него е доволно да ве убие.
Затоа бил напуштен и буквално избришан од мапата.
Австралиските власти го избришаа Витенум од мапата во обид да ги одвратат потенцијалните туристи да одат таму.
Последниот жител на градот се откажа од борбата за останување во мај годинава. До 2015 година ги имаше само шест, а до минатата година остана само 80-годишната Лорејн Томас.
Некогаш раздвижениот рударски град во регионот Пилбара се наоѓа во средината на најголемата контаминирана локација на јужната хемисфера.
За време на врвот на развојот во 1930-тите, илјадници луѓе живееле таму.
Земјата во Витенум била богата со син азбест и многу Австралијци се преселиле таму за да најдат работа во рудниците.
Останале три милиони тони азбестен отпад
Во следните три децении тој беше рударски град, но овој начин на живот всушност го убиваше локалното население.
Рудниците на крајот беа затворени во 1966 година бидејќи повеќе не беа доволно профитабилни.
Повеќе од 2.000 работници и жители загинаа во следните години како резултат на вдишување на смртоносните сини азбестни влакна.
Воздухот и денеска е отровен, што ја принуди владата да урива згради, да ги затвори депониите за отпад во рудникот и целосно да го затвори градот.
И покрај напорите за чистење, три милиони тони отпад од азбест останаа во областа.
Земјата никогаш нема да биде безбедна за живеење на луѓе поради постојаниот ризик од азбестоза, но некои луѓе не можат да одолеат да ја посетат.
Меѓу нив има и бројни тиктокери кои сè уште се собираат во областа, обидувајќи се да снимаат – интересни содржини.