Според истражувањето на Економист, Абу Даби е најдобриот град за живеење.
Според магазинот „Економист“, кој спроведе истражување, главниот град на Обединетите Арапски Емирати е најдобриот град за живеење.
Како што пишува „Економист“, условите за живот се подобруваат, околу 99 отсто од луѓето во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) примиле најмалку две дози од вакцината против КОВИД-19, што е трета највисока стапка во светот.
Тоа и помогна на земјата да избегне целосно исклучување во 2021 година и досега во 2022 година.
Абу Даби и Дубаи, двата големи града на Обединетите Арапски Емирати, главно останаа отворени за бизнис од првиот бран на пандемијата во 2020 година.
Релативно брзото закрепнување на овие два града е една од причините зошто градовите се рангирани на прво и на второ место во истражувањето за „животност“ на Блискиот Исток и Африка, спроведено од EIU.