Месецот на празнична еуфорија не станува магичен самиот по себе.
Декември е месец на светулки, украси, собирање на впечатоците, планирање, добрите страни, простувањата и уживањата. Декември всушност е рај за хедонистите и идеал за почетокот и за крајот.
Во декември некако најлесно можете да се откажете од се што ве мачи, но и да се радувате на сите оние мали ситници кои значат живот.
Ви пренесуваме листа од 10 работи кои секако треба да ги направите овој декември, затоа што тој не станува магичен самиот по себе.
1. Пробајте нешто ново
Не, не да купите нешто ново, туку да пробате нешто ново. Оробајте да читате нешто што никогаш не сте, пробајте некој нов рецепт, променете некоја навика. Само новите работи може да ве потсетат навистина да живеете. Излезете од кругот на маѓепсаноста и свртете ја магијата на друг начин.
2. Простете, извинете се и заборавете
Крајот на годината е и време кога тоа го правите поради себе. Се извините ако некому сте погрешиле, простувате ако некој вам ви направил нешто лошо. Живеете за она што е сега и за времето кое ќе биде. Се ќе помине и не дозволувајте си себе си да губите време и енергија на работи на кои можеби не сте можеле да влијаете.
3. Наместо купување нови работи, исчистете го орманот
Сигурно има работи кои не ви требаат. Дел донирајте ги во Црвениот крст, а другиот дел можете да го продадете, па ако баш сакате можете и да купите нешто ново.
4. Одете на излет
Станете своевиден дегустатор на вина, качете се на некоја планина, прошетајте покрај некое езеро, посетете некој музеј или место во околината кое толку сакате да го видите.
5. Направете нешто за себе
Разнежнете се во спа центар, со една масажа или направете било што што ќе ве опушти и потсети колку е убаво да внимавате на себе и колку значи да се направите среќни самите себе.
6. Во декември лампионите и светулките се се’
Украсете го домот, елката, дворот – нека свети се околу вас.
7. Направете план за следната година и присетете се на старите планови
Што сте реализирале, што не сте? Зошто? Дали се уште сакате исти работи. Земете го планерот и тргнете длабоко во истражувањето со чај и колачи.
8. Одлучете, ако веќе не сте, што сакате да направите, со кого сакате да бидете и каде сакате да бидете за новогодишната ноќ
Декември е идеален месец за дарување – направете или купете подароци за најмилине, па макар тоа биле и само ситници и мали знаци на внимание.
9. Посетете фестивали, забавете се и научете нешто ново
Потоа уживајте во лизгањето сето тоа засладете го со топло чоколадо, без која декември не смее да мине.
10. Најважна работа
Пронајдете снег и уживајте во убавините кои само тој може да ги пружи. Ако го нема во вашиот град, издвојте ден или два и заминете на најблиската планина. Земете санки,с кии, клиско и бљубете се во зимата како никогаш претходно.
Уживајте во подготовката на новогодишната магија. Уживајте со ангелите, снегот, новогодишните украси, новогодишната музика. Вљубете се во себе, вљубете се во декември, вљубете се во животот.